Свинско филе со сланина во кари сос
Состојки
- 900-1000 гр свинско филе
- 1 лажица сенф
- 15-17 тенки парчиња сланина
- 200 мл неутрална павлака за готвење
- 200 гр крем фреш
- 1 лажица доматно пире
- 2-3 лажички кари
- прстофат шеќер
- на вкус сол, бибер и кајенски бибер
- 5 гранчиња магдонос
Подготовка
Рерната вклучете ја на 180 степени да се загрева.
Свинското филе исечете го на парчиња со дебелина од 2-3 см. Посолете, набиберете и од едната страна премачкајте ги со сенф. Секое парче месо завиткајте го во едно тенко парче сланина. Наредете во длабока тава за печење. Во длабок сад измешајте ја неутралната павлака со крем фреш, доматното пире, карито, шеќерот, кајенскиот бибер и сечканиот магдонос. Насолете на вкус, но не претерувајте бидејќи и сланината е солена. Оваа смеса налејте ја во тавата и ставете да се пече 30-тина минути.
Во прилог може да послужите варени тестенини, ориз или компири.