Испечати

Колач со банана и морков

Колач со банана и морков

Состојки

  • 2 јајца
  • 3-4 лажици шеќер
  • 60гр растопен путер
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици кисело млеко
  • 1 средно голема банана
  • 1 морков
  • 200гр брашно
  • 1 лажиче пециво
  • 1/4 лажиче сода бикарбона
  • некое зрно сол

Подготовка

Во вангличка ги ставаме јајцата, солтa и шеќерот и матиме додека не побелат.
Со исклучен миксер и со лесни движења на шпатула ги додаваме растопениот и изладен путер, киселото млеко и благото млеко.
Ги додаваме ренданиот морков, пасираната банана, пецивото, сода бикарбона и брашното.
Убаво соединуваме.
Смесата ја истураме во долгнавест калап кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 30 минути на 180 с.
Сепак со чепкалака проверуваме дали колачот е печен.
Го оставаме испечениот колач на решетка да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме.