Испечати

Чоколаден чиа доручек

Чоколаден чиа доручек

Состојки

  • 3 лажички чиа семе од Натура
  • 250 мл растително млеко од сончоглед (или некое друго по избор)
  • 1 лажица квалитетно какао
  • 1 лажица мед (или некој друг засладувач-агаве сируп, јаворов сируп)
  • 1/2 лажичка течна ванила
  • 1 лажичка ленено семе од Натура
  • 1 лажица лешници (цели)
  • 5 лешници (сечкани)

Подготовка

Во тегличка се става чиа семето, млекото (растително) од сончоглед, какаото и се меша
со вилушка.
Потоа се ставаат останатите состојки (без сечканите лешници) и повторно се меша
убаво да се соединат состојките.
Се става во фрижидер и стои преку ноќ.
Другиот ден се ставаат сечканите лешници и се служи.
Забелешка
* Рецепт за млеко од сончоглед имате на страна 31
* Доколку не ви е благо ставете повеќе од избраниот засладувач.
* Наместо растително млеко (бадемово, кокосово, соино...), може да се стави кравјо.