Срца во пламен - колачиња
Состојки
- 225гр омекнат путер
- 100гр. шеќер во прав
- 1 пак. ванилин шеќер
- прстофат сол
- 250гр брашно
- 50гр. скробно брашно
- по потреба мармалад
- 100-150гр чоколадо + 1 лажица зејтин
Подготовка
Путерот, шеќерот и солта изматете ги пенасто. Додадете го брашното и скробното брашно, добро изматете да се спојат состојките. Смесата ставете ја во готварски шприц со ѕвездест отвор или пак во шприц за тулумби. На хартија за печење истиснувајте од тестото форми по желба.
Се печат 10 минути на 190 степени во загреана рерна.
Откако ќе се изладат, се мачкаат со мармалад и се спојуваат по две колачиња.
Чоколадото и зејтинот растопете ги на пареа. Секое колаче со едниот крај се натопува во растопената чоколада и се остава да се излади.