Јаболкови тортици со путер
Состојки
- 160гр брашно
- 80гр путер
- 2 лажици кафен шеќер
- 1 ванила
- 2-3 лажици ладно млеко
- 1 лажица мелен орев
- 1/4 лажиче пециво
- фил
- 4 зелени, поголеми јаболка
- 1 лажица путер
- 1 лажиче масло
- 1 лажиче цимет
- 1 лажица гриз,
- јатки од орев
- мали метални калапчиња
- Шеќер во прав по потреба
Подготовка
Во вангличка ги ставаме ладниот путер, шеќерот,
ванилата, пецивото, брашното и оревот. Замесуваме со
рака и додаваме млеко колку да добиеме мазно и нелепливо тесто, кое го завиткуваме
во фолија и го оставаме во фрижидер додека го подготвиме јаболковиот фил. Во
касерола ставаме путер и масло. Ги додаваме ренданите јаболка.
Пржиме на тивок оган додека да испари нивната течност.
Додаваме кафен шеќер, цимет и гриз.
Соединуваме.
Сега тестото го делиме на 6-7 топчиња. Ги расукуваме во мали корички со кои ги
обложуваме металните калапчиња. На две места тестото го боцкаме со вилушка.
Врз секое калапче обилно ставаме од изладениот фил.
Ставаме и по една јатка орев. Ги печиме околу 20 минути на 180 степени.
Внимателно ги вадиме од калапчињата и нежно ги наросуваме со шеќер во прав
Сервираме!