Сендвич од црн домат и моцарела
Состојки
- 1 тесен долг црн домат
- 1 лажиче сол
- 150гр моцарела
- ливчиња босилек
- за панирање
- 2 јајца
- 70 гр брашно
- 150гр презла
Подготовка
Прво црниот домат го лупиме. Го сечиме на кругови со дебелина одприлика на 5 мм. Секое кругче го посолуваме со сол. Оставаме така да одстојат 15 минути. Потоа со хартиена салфета ја собираме течноста која ја пуштил доматот. На половина количина домати ставаме парче моцарела и ливче босилек по желба. Поклопуваме со друго парче црн домат. Вака подготвените сендвичи прво убаво ги валакме во брашно, па во јајце, па во презла. Пржиме на умерен оган да заруменат. Ги редиме на хартиени салфети, и за кратко ги послужуваме топли со добар аперитив.