Кнедли од компири и сирење
Состојки
- 250 гр. варени компири
- 250 гр. кравјо сирење
- 2 лажици брашно
- 1 јајце
- по малку сол и мешан сув зеленчук
Подготовка
Подготовка
Компирите ги лупиме, им налеваме вода и ставаме да се варат. Штом зовријат им додаваме малку сол. Кога се варени, ја истураме водата, ги пасираме со вилушка и оставаме да се изладат.
Го пасираме сирењето, го додаваме брашното, јајцето, пасираните компири и се меша да се добие еднолична смеса.
На оган се става вода да зоврие-околу 2 л. со малку мешан сув зеленчук.
Штом зоврие водата се спуштаат формираните кнедли. Кнедлите ги формираме со помош на две супени лажици. Продолжуваме да вариме на умерен оган некои 15-20 мин.
Ги вадиме со решеткаста лажица
Ги преливаме со омилениот сос.
На здравје!