Испечати

Фламбе палачинки со карамелизирана банана и бело чоколадо (посно)

Фламбе палачинки со карамелизирана банана и бело чоколадо (посно)

Состојки

  • 3 палачинки
  • 1 жолта банана без или со малку точки
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1/2 филџан вода
  • 30 гр. бело посно чоколадо
  • 30 мл. виски

Подготовка

Подготовка
1. Палачинките се прават по овој рецепт
2. Во тавче на оган се става шеќерот да се растопи, откако ќе се карамелизира му се додава бананата исечена на кругови.
3. Во тавчето се додава и водата и внимателно се промешува за да се раствори во водата растопениот шеќер.
4. Кога течноста ќе се редуцира се подредуваат и палачинките завиткани на триаголник во кој што е распеделено белото чоколадо.
5. Палачинките се вртат од едната, па од другата страна и се додава алхохолот кој што се пали.
- Ако е потребно може да се додаде уште малку вода, но треба да се внимава да не се претера зато што ако е многу водата алхохолот нема да можи да се запали.