Грицки со семки, пиво и буковец
Состојки
- 200 мл пиво/бело вино
- 200 мл масло
- 400-500 гр брашно
- 200 гр сончоглед лупен
- 200 гр сусам
- 50 гр семки од тиква
- 1 пециво
- 2 лажички оригано
- 2 лажички буковска сол
- 2 лажички сол
Подготовка
Многу вкусни грицки.
Се замесува тесто од сите состојки, со постепено додавање на брашното. Се сучи кора тенка околу половина сантиметар и се вадат форми (овие на сликата се со капаче од шише).
Се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, зависно од дебелината.
Уживајте!