Колач со мармалад од смокви
Состојки
- 300 гр брашно
- 4 лажици мармалад од смоква
- 250 гр шеќер
- 1/2 лажиче пециво
- 1/2 лажиче сода
- 1 лажиче цимет
- 270 мл вода
- 90 мл зејтин
- За премачкување
- 300 гр мармалад од смокви
- Прелив
- 200 гр чоколадо за готвење
- 100 гр маргарин
Подготовка
Еден колач од тефтерот на мама.
Во длабок сад се помешуваат состојките.
Ставете ги маслото и водата, а потоа додадете ги сувите состојки.
Јас ставив мармалад од смокви, каде смоквите беа цели парчиња.
Затоа ги расцепив убаво смоквите, да не стојат на едно место.
Откако ќе ги додадете сите состојки, промешајте убаво и ставете го во плех за печење.
Рерната нека е загреана на 200 степени.
Откако ќе се испече (околу 20-30 мин) оставете да излади, па премачкајте го со мармаладот од смокви.
Чоколадата ставете ја да се растопи заедно со маргаринот, па прелејте го колачот.
Оставете нека одмори еден час и сечете и послужете.
Колачот има неверојатен вкус и мекост.
Само точно запазете ги мерките за течност.
На здравје да ви е.