Сок од трнинки за растворање
Состојки
- 5кг трнинки
- 2кг 500гр шеќер
- околу 3 литра вода
Подготовка
Прв пат го правам овој сок и воодушевена сум и со бојата и со вкусот. 1. Најпрво се мијат плодовите под млаз со студена вода. Потоа се ставаат во длабоко тенџере и се налева вода колку да се покријат трнинките. Се гмечат со алатка за пире. Се вари 1 саат. 2. Се остава да олади малку колку да можеме да ги цедиме низ газа или низ преса. 3. Во исцедената течност се додава шеќерот и се вари 15 минути откако ќе зоврие. 4. Се остава до наредниот ден да се олади и згусни.(Беше редок сокот но после 8 саати се згусна). 5. Се собира во стаклени шишиња или како јас во пластични и го замрзнувам.На здравје!!!