Испечати

Фит колачи во корпиња (без печење)

Фит колачи во корпиња (без печење)

Состојки

  • 3 лажици ленено семе
  • 3 лажици сусам
  • 5 лажици корн флекс од натура
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 3 лажици ореви
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици кокос
  • 2 лажици стопено кокосово масло
  • 4 лажици маџун

Подготовка

1. Сусамот и лененото семе ги ставаме во тавче на оган да се потпечат.
2. Овесните снегулки ги блендираме
3. Корн флексот и оревите ги кршиме на крупни парчиња.
4. Сите состојки ги ставаме во длабок сад, промешуваме. По потреба може да се додаде
уште малку маџун или стопено кокосово масло.
5. Смесата ја тураме во хартиени корпиња, оставаме да се стегнат