Смути со ѓумбир, морков,банана и диња

Состојки
- 2 резанки диња, бадатка
 - 1 банана
 - 2цм ѓумбир
 - 1 морков
 - 1 лажиче кокосово масло
 - вода по потреба
 - мед ако има потреба
 
Подготовка
Добро утро... Ние уживавме... Пробајте ја и вие оваа комбинација на состојки. Во чашата на нутрибулет ги ставме сецканиот морков, сецканата банана, сецканата диња, кокосовото масло и ѓумбирот. Тука додадов само 60 мл вода за да состојките полесно се соединат или изедначат. Потоа течноста ја ставаме во 2 чаши и дополнуваме вода по желба. Јас користам подолг период кокосово масло, поради неговите позитивни својства, а вие до колку не го сакате изоставетего. На здравје