Брза ловечка тава
Состојки
- 400-500гр братвурст - бела варена колбасица (замена - домашни колбасици)
- 2 главици кромид
- 500гр свежи шампињони
- 150гр крем сирење со зачински билки
- 100мл вода
- 100гр кисели краставички
Подготовка
Предлог за брзо подготвен ручек. Кромидот исечкајте го ситно, шампињоните исчистете ги и во зависност од големината исечете ги на половина. Киселите краставички исечкајте ги ситно. Колбасиците исечкајте ги покрупно и ставете да се пржат на загреано масло. Откако убаво се испржиле, ставете го кромидот и шампињоните. Пржете додека да испари течноста која ќе ја испуштат шампињоните. Сирењето измешајте го со водата и додадете во тавата, оставете да зоврие и на крај ставете ги краставичките. По желба набиберете и насолете. Одлична комбинација е со шпецли или варени тестенини, пробајте. ~)