Испечати

Солени мафини

Солени мафини

Состојки

  • 3 јајца
  • малку сол - до пола лажиче
  • 100 мл. масло
  • 200 мл. јогурт на собна температура
  • 13 лажици убаво полни брашно
  • 1 пециво
  • 200-250 гр. спанаќ, исчистистен, измиен, истриен меѓу раце со малку сол
  • 2 лажици пасирано сирење
  • 50 гр. сецкан кулен
  • 50 гр. сецкано пилешко филе

Подготовка

Лесни за подготовка, а многу вкусни...)))

Јајцата се матат со малку сол, па се додава маслото, јогуртот и другите наведени состојки.На крај се вмешуваат со лажица спанаќот, сирењето, куленот и филето.

Се печат на 180 - 30 мин., во загреана рерна на 200 степени.

Дозата е за 12 мафини големи.

На здравје!