Чоколадни суви колачиња
Состојки
- 1 ванила
- За тесто
- 100 гр. темно чоколадо за готвење
- 2 јајца
- 200 гр. шеќер - јас ставив кристал, но во прав е подобро
- 1 ванила
- 125 гр. омекнат маргарин
- 1/2 пециво
- 450-500 гр. оштро брашно
- За фил
- 100 мл. млеко
- 3 лажици шеќер во прав
- 150 гр. мелени ореви
- 120 гр. маргарин
- малку рум - по желба
- За глазура
- 100 гр. црно чоколадо и 3 лажици масло
- 100 гр. бело чоколадо и 1 лажица масло
Подготовка
Чоколадото се топи и се лади, да биде млако, уште течно.
Јајцата се матат со шеќерот и ванилата, додека шеќерот се стопи. Потоа се додава чоколадото, омекнатиот маргарин, убаво се мати и на крај брашното помешано со 1/2 пециво. Брашното се додава постепено, тестото треба да е меко.
Се завиткува во стреч фолија и се става во фрижидер на час-два.
На набрашнета подлога се отвора кора и се вадат тркалезни форми, да бидат во парен број. Се печат на 180-10 мин., во загреана рерна.Кога ќе оладат се филоваат.
Па се потопуваат со горниот дел во глазурата.
Чоколадото се топи со 3 лажици масло. На страна во друг сад се топи 100 гр.бело чоколадо со 1 лажица масло.
Од белото се става над црното и тогаш се макнуваат.
За филот
Млекото се зоврива со шеќерот во прав.
Се истура врз мелените ореви. Се лади, во млако се додава изматениот маргарин и малку рум.
На здравје!
п.с. Се чуваат во лимена кутија затворени со капак, откако ќе се здрви убаво глазурата.