Испечати

Чоколадни мафини

Чоколадни мафини

Состојки

  • 130 гр Путер
  • 150гр Шеќер
  • 120гр Чоколадо за готвење
  • 70гр Брашно
  • 3 Јајца
  • 200мл Слатка павлака и прехрамбена боја

Подготовка

Путерот се става да се растопи. Одкако ќе се растопи се остава малку да олади.
Во посебен сад се става растопениот путер и шеќерот и се матат со миксер да се добие пенеста смеса.
Во смесата постепено се додаваат јајцата едно по едно.
Во сад се става чоколадото за готвење да се растопи. Јас го ставам во микро.
Одкако ќе се растопи чоколадото се додава во смесата и се меша со лажица.
На сета таа смеса се додава брашното и се меша истотака со лажица.
Во калап за мафини со лажица се става од смесата до пола.
Се печат на загреана релна од 180 степени околу 10 мин.

За декорација користев слатка павлака изматена пенесто и додадов прехрамбена боја.