Топчиња со маслинки
Состојки
- 160 гр биено сирење
- 160 гр меко брашно
- 115 гр путер
- 36-40 полнети маслинки
Подготовка
Многу вкусни и декоративни солени топчиња кои се лесни за подготовка.
Биеното сирење ситно се ренда, се додава брашното, па путерот сечен на коцки.
Се меси мазно тесто.
Се прават топчиња и внатре се става по една полнета маслинка.
Вака формирани се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 до 17 минути.
Уживајте!