Испечати

Чоколаден ролат со ганаш крем и ореви

Чоколаден ролат со ганаш крем и ореви

Состојки

  • За тесто
  • 4 јајца
  • 1/2 шолја шеќер
  • 3 лажици масло
  • 1/4 шолја какао
  • 1/2 шолја брашно
  • малку прашок за пециво
  • За ганаш крем
  • 250 мл слатка павлака
  • 250 гр чоколадо за готвење
  • плус
  • 100 гр сецкани ореви
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици млеко

Подготовка

Се матат јајцата со шеќерот.Откако ќе се изматат убаво се додава маслото, брашното, какаото, пецивото и се меша со дрвена лажица. Смесата се истура во плех обложен со мрсна хартија и се печи во загреана рерна на 170 степени 10тина минути.
Ганаш крем
Се загрева слатката павлака, но не смее да зоврие. На страна во сад се сецка ситно чоколадото. Се додава слатката павлака на чоколадото и се меша додека не се стопи потполно чоколадото. Се остава да се стегне кремот 1-2 часа.
Испеченото тесто се витка во кујнска крпа и се остава убаво да се излади. Изладеното тесто се премачкува со ганаш кремот, одозгора над кремот се распоредуваат оревите и се витка во ролат.
Се топи чоколадото на пареа заедно со маслото и млекото. Се прелива ролатот со чоколадото.