Крем салата со авокадо и свежа краставица
Состојки
- 1 средно зрело авокадо
- 1 свежа краставица
- 100гр крем сирење
- 1 лажиче сок од лимон
- 1/4 лажиче бибер
- 1/4 лажиче сол
- 1/4 лута пиперка
- по желба и 1 лажиче лупeни семки од сончоглед или мелен орев
Подготовка
Прво краставицата ја лупиме, ја сецкаме на ситни коцки.
До колку е многу водена ја оставаме во цедалка да се исцеди.
Пиперката ја сечиме на многу мали коцкички.
Авокадото го пасираме со вилушка.
Во еден сад го ставаме крем сирењето, солта, бибер, лимонов сок и подготвените намирници.
Соединуваме.
Сервираме.