Брз киш со спанаќ
Состојки
- 500гр лиснато тесто (јас користев домашно)
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- 200гр смрзнат спанаќ
- 200гр крем фреш или павлака со висока масленост
- 2 јајца
- 150гр рендан кашкавал
- 1 лажичка сол
- по желба црн бибер, оригано итн
Подготовка
Превкусен киш.. Лиснатото тесто се сече во големина на тавата за печење, јас користев округла тава број 28. Краевите од тавата треба да се покриени со тесто, како пита. Тестото се пече 10 минути на 225 Ц. - Во тава се запржува кромидот заедно со сецканиот лук, се додава спанаќот и се пржи се додека не испари водата. Тавата се трга од оган и се додаваат преостанатите состојки за филот. - Смесата се истура врз испечената кора и се пече 25-30 минути на 200 Ц.