Солен кекс со црвена леќа
Состојки
- 1 чаша црвена леќа (сончева долина)
- 3 чаши вода
- 2 поголеми моркови (ситно рендани)
- 100 гр бело сирење (ситно рендано)
- 1 мало кромидче (изрендано)
- 2 матени јајца
- 5 лажици масло
- 5 лажици брашно
- 1/4 лажичка пециво
- 1 лажичка црвен пипер
- 2 лажици сусам
Подготовка
1. Црвената леќа се вари околу 20-тина минути на
среден оган, се мие и се цеди, се става во вангличка.
2. Се додаваат ренданите моркови, сирење и кромид.
3. Јајцата се матат со вилушка и се тураат во вангличето, се додава маслото и се меша со
лажица.
4. Потоа се додаваат сите други состојки, се меша до убаво изедначување на смесата и
се става во мало правоаголно тавче (зависно од тавчето по потреба се намрсува и се
набрашнува), а во малата ростер тава ова не е задолжително.
Одозгора се наросува со малку оригано.
5. Се пече на 190 степени околу 1 час бидејќи смесата е влажна и треба да се испече во
внатрешноста. Изладен, солениот кекс се сече во форма по желба.
Овој кекс има доста интересен вкус, а посебен шмек му дава кромидчето.
Сол не ставив бидејќи сирењето и сувиот зачин беа доволни.