Индиска салата со пилешко месо

Состојки
- 200 г мајонез
 - 500 г варено и иситнето пилешко месо
 - 200 г кисела павлака
 - по 100 г кикири и сончоглед крупно мелени
 - сол и црн бибер по вкус
 - 1 лажица сенф
 - 1 лажица кари во прав
 - 3-4 кисели краставички
 
Подготовка
Првпат ја пробав салатава на слава за Петровден. Ја изедов цела чинија што беше пред мене хехехех. Си зедов рецепт и си ја направив. Зошто се вика Индиска - не знам, но бидејќи така беше запишана, така и ја пренесувам.
Подготовка
 Сварете го пилешкото и оставете го да се олади, а потоа исечкајте го на ситни парчиња. Додадете ги не многу ситно мелените кикири и сончоглед и измешајте. Додадете ги ситно исечканите краставички.
 Во друг сад измешајте павлака, мајонез, бибер, сол, сенф и кари. Сите состојки измешајте ги заедно со пилешкото.
 Декорирајте ја салатата по желба.
 Се чува во фрижидер.