Испечати

Црвен ориз со копани и златна мешавина

Црвен ориз со копани и златна мешавина

Состојки

  • 1 чаша ориз
  • 4 чаши вода
  • 1 главица кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 1 чаша златна мешавина зеленчук
  • 1 полно лажиче чаден црвен пипер
  • 1 лажица мешан сув зеленчук
  • 1/4 лажиче пимент или црн бибер
  • 1/2 лажиче оригано
  • 2-3 ловорови ливчиња
  • 4 парчиња копан со надкопан

Подготовка

Класичен ручек, обогатен со додатоци од зеленчук во пресрет на актуелната тема.
Копаните се варат.
Ситно сечканиот кромид и пиперка се запржуваат на масло, потоа се додава оризот
кратко да запржи и мешавината зеленчук.
Се додава црвениот пипер и се налева водата во која се вареле копаните.
Потоа се додаваат зачините и се редат копаните, па исклучува ринглата.
Тавата се пренесува во загреана рерна од 220С и се печи додека испари течноста.