Тартуфи со темно чоколадо
Состојки
- 125мл слатка павлака
- 1 лажица инстант кафе
- 20 гр путер
- 250гр темно чоколадо ( по можност ментол чоколадо )
- по потреба чоколадни трошки
Подготовка
Во сад на оган ја мешаме слатката павлака со инстант кафето и путерот.
Загреваме на средна температура.
Садот го тргаме од оган и додаваме кршена темна чоколада.
Промешувајте добро да се растопи чоколадата.
Така приготвената смеса ставете ја во ладилник, па топчињата формирајте ги додека смесата е ладна и тврда.
Веднаш валкајте ги во чоколадно трошки.
Како ќе ги приготвувате ќе се лепатна рацете, затоа побрзајте при оформувањето.
На здравје