Крофнички со тиква (посно, во апарат за печење)
Состојки
- 300гр брашно
- 100 мл зејтин
- 200 гр тиква
- 100 гр шеќер во прав
- 1 пециво
- 1 ванила
- 1 лажиче цимет
- 70 мл сок од портокал
Подготовка
Тиквата сварете ја и изблендирајте.
Во просеаното брашно додајте пециво, ванила, цимет, блендираната тиква, зејтин, сок, и шеќер. Се помешајте и замесете тесто.
Апаратот за печење загрејте го и ставете од тестото по едно лажиче.Печете ги крофните 15 минути.
Чоколадото за готвење стопете го на тивок оган.
Печените истинати крофнички макајте ги во стопено чоколадо. Посипете ги крофничките со чоколадни ронки и со шарени трошки.
Добар апетит!