Солени палачинки со туна и крем салата со спанаќ (со гриз во тестото)
Состојки
- Каша за 12 палачинки
- 2 јајца
- 250 мл млеко
- 250мл вода
- 3 лажици гриз
- 2 лажици маслиново масло
- 11-12 лажици брашно
- за салата со спанаќ
- 5 парчиња топено сирење
- 7 лажици кисела павлака
- 3 лажици мајонез
- 100 гр. (измерен свеж) сецкан, обарен и изцеден спанаќ
- останато
- 300гр. парчиња туна од конзерва
- половина листови од црвена пиперка
- 1 парче млад кромид (или малку сецкан стар кромид)
Подготовка
Туната ја сакам најмногу, со ладни сендвичи или свежи салати. Еднаш додека летав со авион, ужинката која ни ја даваа, беше полнета тортиља со туна, спанаќ и намаз. Многу ми се допадна комбинацијата на туна со спанаќ, па еве денес ви презентирам еден мој експеримент, кој верувајте беше превкусен.
1. Најпрво се приготвува салатата.
Се мие спанаќот и се сецка на поситно. Потоа, така неисцеден се става со тава, да се обари околу 10 тина минути, на не многу јака температура. Откако ќе му испари течноста, се истура во цедалка, се притиска за да се изцеди вишокот вода и се остава да се излади. Во друг сад, со виљушка го гмечите топеното сирње, и тука потоа ја додавате павлаката и мајонезот. За покремаста структура, јас додадов и една лажица маслиново масло. Тука, сега го ставате обарениот спанаќ, посолувате, наросувате мелен црн бибер и ја оставате салатата во фрижидер.
2. Палачинки
Пробав денес, да додадам гриз во кашата за палачинки. Супер испаднаа, меки, малку поинкави на вкус и малку подебелки од стандардните палачинки.
Со жица за матење, измешајте ги јајцата, млекото и маслото. Оваа смеса, додавајте ја постепено во брашното, во кое сте го истуриле и гризот. Мешајте со лажица и направете компактна смеса за печење. Посолете со малку сол. Смесата е малку погуста од оригиналниот рецепт. Палачинките печете ги на средна јачина, од двете страни.
3.Филување
Туната, се меша заедно со сецканото кромитче. Пиперката се сецка, на тенки и долгнавести листови.
Низ цела палачинка се мачка од намазот со спанаќ. На еден дел се става од туната, а врз неа парчиња пиперка. Се мотаат палачинките како срамички.
Оставете ги малку, за да се спојат вкусовите и уживајте во ова прекрасно мезе!
Топло го препорачувам!
- јас користев помала тава и од таа доза извадив 12 палачинки. Доколку немате пиперки, можете да ставите нешто по ваш избор. Јас ја додадов, за да добијам убав пресек од палачинката, но излезе и како добра комбинација со другите состојки.