Испечати

Колач со ореви и јаболка (посно, без масло)

Колач со ореви и јаболка (посно, без масло)

Состојки

  • 15 лажици топла вода
  • 10 лажици шеќер
  • 15 лажици 180 гр брашно
  • 3 рендани јаболка
  • 100 гр сецкани ореви
  • 100 гр суво грозје (може мешано со брусница)
  • 2 лажици гриз
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче сода
  • рендана кора од портокал
  • Шербет
  • 200 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • сокот од изренданиот портокал
  • 100 гр сечкан орев за посипување

Подготовка

Прекрасен, вкусен колач кој ништо не губи од тоа што е посен, напротив.
Јаболката исчистете ги и изрендајте ги.
Во топлата вода ставете го шеќерот и промешајте да се истопи.
Потоа додајте ги и другите состојки и измешајте, сеќ убаво да се спои. Нека постои петнаесетина минути.
На тавата во кој ќе печете најпрво ставете хартија, сечканите ореви па ставете ја смесата.
Печете во загреана рерна на 200 степени петнаесетина минути, потоа намалете ја температурата на 180 и продолжете со печењето уште толку.
Кога ќе се олади, извадете го од тавата, извадете ја хартијата, исечете го на парчиња и нив вратете ги назад.
Сварете го шербетот, нека вари две-три минути и уште врел со лажица прелијте го колачот. Кога ќе се олади послужете го.
Рецептот е превземен од Гага во кујна.