Испечати

Паштета од туна со маслинки

Паштета од туна со маслинки

Состојки

  • 180 гр конзервирана туна
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица кечап
  • 8 црни маслинки Каламата
  • 1/2 лажичка рузмарин
  • 1/2 лажичка копар
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1 прстофат лук во прав

Подготовка

Еве и мој предлог за вкусна паштета од туна.

Сите состоји се ставаат во блендер и се блендираат неколку минути.
Имате вкусен појадок, вечера или додаток за во тестенини само за неколку минути.

Зачините може да ги комбинирате во зависност од вкусот.
Ние оваа паштета ја јадевме со пченкарен леб и вистина беше пре вкусна.
На здравје!