Куглоф со тиква, портокал и ореви (посно, без миксер)
Состојки
- 400 гр брашно
- 1/2 прашок за пециво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- рендана кора од 1/2 портокал
- 100 гр сечкани ореви
- 100 гр рендана тиква
- 200 гр шеќер
- 2 ванилин шеќери
- 200 мл вода
- 100 мл масло
- сок од 1/2 портокал
- 5 лажици мармалад од кајсии
- За декорација
- портокал, мелени ореви, шеќер во прав или по желба и вкус
Подготовка
Ово колач е предлог од мене за овие Божиќни пости. Подготвен во калап за куглоф, а се подготвува на база мери, мешај, печи.
Би сакала да уживате како и ние што уживавме сладејќи се со овој вкусен и лесен колач!
Подготовка
1. Брашното, пецивото, сода бикарбоната ги соединуваме.
2. Во сувите состојки ги додаваме оревите, ренданата кора од портокал и ренданата тиква, промешуваме.
3. Маслото, водата, шеќерите, мармаладот и сокот од портокал ги соединуваме посебно во друг сад.
4. Влажните состојки ги додаваме кон сувите, промешуваме и смесата ни е подготвена за печење.
5. Во намрсен и набрашнет калап за куглоф (или друга тава за печење), може и на хартија за печење, ја распоредуваме смесата.
6. Печеме на 200 степени околу 40 минути.
Го декорираме по желба и најдобро е да излади за да го служиме.
На здравје!
Забелешка
Можете да си ставите мармалад по желба.