Бовчички со мармалад (посно)
Состојки
- Тесто
- 500мл масло
- 250мл топла вода
- 4 лажици шеќер
- 40гр свеж квасец
- 1 пакување прашок за пециво
- околу 1 кг брашно
- 2 пакувања ванилин шеќер
- За полнење
- по потреба мармалад од кајсии
- по желба јатки ореви
- За валкање
- 200 гр шеќер во прав
Подготовка
Вкусни, посни и ароматични колачи за секоја пригода. 1. Се става квасецот да се активира. Во сад со топла вода лајче шеќер и квасец и се остава да надојде. 2. Во длабок сад се става квасецот, водата, маслото и брашното измешано со пецивото. Се замесува тестото и се дели на топчиња колку орев. Се сука округла кора се става мармалад и ореви се прави бовча се превиткува /собира нагоре. 3. Се оставаат во плех да одморат 15мин и се печат на 200С-20мин. Додека се топли се увалкуваат во шеќер во прав измешано со ванила.