Сочна торта со тиква
Состојки
- 200 гр пире од тиква
- 5,6 лажици мед
- 1/2 чаша брашно
- 100 гр урми
- 1/2 чаша топла вода
- 80 гр путер
- 100 гр темно чоколадо
- 1 јајце
- 5,6 лажици какао
- 100 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка сода бикарбона
- 1кесичка цимет
Подготовка
Најправо ги ставаме урмите во врела вода додека да омекнат. Откако ќе ги исцедиме, ги ставаме во блендер. Потоа ги додаваме исто медот, путерот, преходно растопеното чоколадо, јајцето и пирето од тиква (тиквата јас малку ја сварив да омекни претходно ). Ја блендираме убаво смесата.
Потоа во поголем сад го ставаме брашното, содата, ванилиниот шеќер, циметот и секако смесата изблендирана. Мешаме се заедно и вака добиената смеса ја ставаме во правоаголно тепсиче, не многу големо. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Откако ќе подолади декорираме по желба.