Испечати

Салата со спирални тестенини, пилешко месо и брокула

Салата со спирални тестенини, пилешко месо  и брокула

Состојки

  • 150-200гр шарена спирална тестенина
  • вода и сол за варење
  • 150гр брокула
  • 1-2 моркови
  • 150гр бело месо
  • прелив
  • 2лажици мајонез
  • 2лажици кисела павлака
  • сок од лимон, сол, бибер, капари,
  • 2лажици маслиново масло
  • 1лажиче црвен пипер

Подготовка

Морковот го сецкаме на стапчиња и го обаруваме.
Во касерола налеваме вода, додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме тестенината да се вари.
Пред самиот крај на варењето ги додаваме и цветчињата брокула.
За тоа време на малку масло го запржуваме пилешкото месо, исецкано на коцки и го зачинуваме со сол и бибер.
Во еден сад ги соединуваме сварените, исцедени тестенини со брокулата, половина количина на обарен морков, пилешкото месо.
Соединуваме.
Сервираме во тајнир.На 4 страни на тајнирот ставаме стапчиња морков.
Во друг сад го правиме преливот, односно ги соединуваме мајонезот,киселата павлака, сол, бибер, лимонов сок.
Овај прелив го нанесуваме врз тестенините.
Во мала касерола на тивок оган го ставаме маслиновото масло да се загрее.
Тргаме од оган и го додаваме црвениот пипер.Оставаме да се сталожи.
Со маснотијата ја попрскуваме салатата.
Послужуваме.