Бомбици од печена тиква
Состојки
- 160гр бисквит со какао,чоколадо и кокос- готови кекси или во замена било какви кекси со парченца чоколадо.
- 50гр индиски ореви
- 30гр суво грозје
- 30гр сува брусница
- 1-2лажици шеќер во прав
- 140гр печена тиква
- цимет и морско оревче
- 100гр црно чоколадо
- 2 лажици масло
- 50гр семки од тиква
Подготовка
Фантастични, есенски бомбици.
Пробајте ги.
Во нутрибулет ги ставаме кексите, сувото грозје, сувата брусница, индиските ореви и ги мелиме до изедначување на состојките.
Во еден сад ја ставаме печената и пасирана тиква, циметот, шеќерот во прав, морското оревче.
Ги додаваме состојките од садот на нутрибулет.
Соединуваме убаво со рака.
Сами утврдете дали е потребно уште да се додаде индиски орев или бисквити.
Тоа зависи од водливоста на тиквата
Јас напишав точни количини кои ги употребив.
Ја оставаме смесата во фрижидер да одстои 20 минути.
Потоа формираме бомбици.
Ги валкаме во растопено чоколадо.
Ги декорираме со крупно мелени, тостирани на тава без масло и на тивок оган, семки од тиква. Сервираме во хартиени кошнички и послужуваме.