Бомбици со локум и сусам
Состојки
- 100гр локум
- 80-100гр тостиран сусам
- 1 лажица шеќер во прав
- некоја капка лимон
- 50гр црно чоколадо
- 1 лажиче масло
Подготовка
Прво во нелеплива тава на умерен оган го тостираме сусамот.
Додека е топол го додаваме во садот со локум, кој од топлината ќе омекни.
Додаваме некоја капка лимон и по желба шеќер во прав.
Месиме со рака до изедначување на смесата.
Потоа со влажни раце формираме бомбици.
Ги декорираме со растопено чоколадо.