Круглов торта со алва, ореви и чоколадо (без печење)
Состојки
- 300гр тортички Винчини
- 50 гр алва
- 50 гр чоколадо
- 50 гр ореви
- 2 пакетчиња чоколаден шлаг крем
- 1 желатин
- За украсување
- 100 гр чоколадо за готвење
- 30 гр алва
Подготовка
Тортата е без печење и без варење на кремови.
Винчини тортичките поделете ги на половинки.
Желатинот ставете го во 50мл вода.
Шлаг кремот изматете го.
Во изматениот шлаг крем додајте сечкани ореви, чоколадото исечено и алвата.
Желатинот стопетете го и додајте во кремот. Убаво промешајте.
Во кугловот постелете најлонска фолија и истурете еден дел од филот, на филот наредете Винчини тортички, врз нив пак ставете од филот, ставете од останатиот фил, врз филот пак наредете тортички. Покријте торта со најлонска фолија и оставете во фрижидер да се стегне 3 часа.
Торта прелијте со топено чоколадо и украсете со алва.
Добар апетит!