Испечати

Фрапе со диња и сладолед

Фрапе со диња и сладолед

Состојки

  • 1 кришка (резанка) диња
  • 100 мл. млеко (ладно)
  • 3-4 капки лимонов сок
  • 1 топка сладолед од ванила
  • 1/2 лажичка мед
  • 2 топки сладолед од ванила
  • по потреба шарени мрвици

Подготовка

Превкусен летен пијалок.
Сечканата на коцки диња се става во малата чаша од нутрибулетот, се додава млекото, едната топка сладолед, медот, се капи сокот од лимон и се блендира убаво.
Се тура во чаша, се ставаат двете топки сладолед и се наросува со шарени мрвици.
Се служи веднаш.