Испечати

Баклава кралска круна (со фстаци и путер)

Баклава кралска круна (со фстаци и путер)

Состојки

  • 1 пакет кори за баклава
  • 100 гр. чисти фстаци
  • 100 гр. путер
  • 70 мл. масло
  • 1 ванила
  • Шербет
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша вода
  • 2 ванили
  • 50 фстаци за готовата баклава

Подготовка

1. Путерот се растопува и се додава маслото.
2. Фстаците се мелат на јадро и се промешуваат со ванилата
3. Корите за баклава се сечат на квадратчиња со страна 3-5 сантиметри.
4. Секое квадратче од кори се потопува во растопениот путер и масло и се остава во една чинија.
5. Се зема едно квадратче од кори и во центарот се става малку од фстаците.
6. Аглите се земаат и се носат во средината и се притискаат малку.
7. Готовите залачиња се подредуваат во тавичка и се преливаат со преостанатата смеса од путер и масло.
8. Се печат во загреана рерна прво на 230 степени а потоа на 160 до добивање на посакуваната боја.
9. Баклавата се остава да се олади целосно и се посипува со топлиот шетбет.
10. За шербетот во касерола се ставаат сите состојки и се остава да врие 10 мин.
11. Во центарот на секое парченце готова баклава се става по малку од дополнителниот Фстак.