Индиска салата (ориз, авокадо, индиски ореви и козјо сирење)
Состојки
- 1 авокадо
- 1 чаша ориз
- 2 чаши вода
- прстофат сол
- 100 гр козјо сирење
- 50 гр индиски ореви (непечени)
- 50 гр мајонез
- 100 гр кисела павлака
- по вкус бибер и куркума
- 1 лажица потпечен сусам
- 2-3 лукчиња или по вкус
Подготовка
Вистински деликатес за непце, е таква е оваа салата.
Подготовка
1. Ја загреваме водата до вриење. Додаваме ориз и прстофат сол и оставаме на ниска температура на рингла да се вари оризот со покриен капак. Повремено промешувамe. На крајот нема да ни остане воопшто течност и оризот го промешуваме со вилушка, за да не ни се залепат зрната помеѓу себе. Го ладиме.
2. Авокадото го сечкаме на коцки, го додаваме кон изладениот ориз. Ги додаваме исечканите индиски ореви и ренданото козјо сирење.
3. Ставаме сусам, бибер и ситно насекано или изрендано лукче.
4. Сето ова го соединуваме со кисела павлака и мајонез. Салатата ја оставаме неколку часа во фрижидер за да се спојат вкусовите.