Испечати

Салата со бело месо и декорација со крекери

Салата со бело месо и декорација со крекери

Состојки

  • 500гр. бело месо пилешко
  • 200 гр. сецкани печурки
  • 500 гр. крем сир или павлака
  • 200гр. кисели краставички
  • 100 гр. морков
  • 50 гр. сусам
  • 200 гр. солени крекери од Армониа

Подготовка

Се вари пилешкото бело месо, се ситни на мали парчиња, се додаваат рендани кисели краставички, ситно сецкани печурки, малку сусам, сол, бибер, рендан морков и крем сирењето или павлака се се меша убаво.
Се става во тањир и се декорира со сусам, морков, маслинки, јаболко и солени крекери на Армониа, не се потребни вилушки тука се солените крекери со нив може да се послужите...
Многу вкусна за јадење и освежителна...