Испечати

Залчиња со сланина, џигер и суви сливи

Залчиња со сланина, џигер и суви сливи

Состојки

  • 400 гр пилешки џигерчиња
  • по вкус сол
  • 200 гр тенки листови сланина
  • 150 гр црни суви сливи без семки
  • малку масло
  • неколку чепкалки

Брзи, вкусни залчиња, одлични како топло предјадење.

Џигерчињата се чистат од жиличките и се сечат на две, по должина. Се мијат, се цедати се сушат со кујнска хартија. Малку се посолуваат.
Сувите сливи се мијат со топла вода, се сушат и бришат. Се сечат на две.
Се става на подлога парче сланина, на почетокот се става слива, па џигерче.
Се завиткува убаво стегнато во ролат и се зацврстува со чепкалка.
Така се формираат сите.
На плитка мрснотија во тефлонска тава или грил тава, се пржат прво од едната страна, па од другата страна, додека сланината порумени. Се пржат покриени со капак.
На здравје!