Испечати

Розен кори со алва

Розен кори со алва

Состојки

  • 500гр розен кори
  • 600 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр маргарин
  • 50 гр какао
  • 100 гр мелени ореви
  • 350 гр мелени бисквити
  • 1 лажица рум
  • 150 гр алва Дониа
  • 100 гр чоколада

Подготовка

Се топи маргаринот, млекото, шеќерот заедно на оган се додава какаото. Се вари 15 мин и се трга од оган малку да излади.
Се додава рум, чоколада, бисквитите, оревите, алвата, убаво се меша, се става на корите и се мачка низ цела кора. Така додека се потрошат корите. Се става тешко на последната кора се остава да излади и се сечи по желба.