Карфиол салата со прелив
Состојки
- 200-250гр свеж карфиол
- 200гр компири
- 100 гр батат
- 2 моркови
- За прелив
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажичка сенф
- 2 лажици јогурт
- 2 лажици кисела павлака
- 2 кисели краставички
- сол, бибер и магдонос по вкус
Подготовка
Во една касерола го ставаме измиениот карфиол, излупените моркови, компири батат.
Додаваме малку сол и вариме на умерен оган, додека не омекни зеленчукот, околу 15 минути.
Потоа водата ја истураме и оставаме да се излади зеленчукот.
Во еден сад ги соединуваме ситно сецканите кисели краставички, маслиновото масло, сенфот, сокот од лимон, јогурт, кисела павлака, сол, бибер.
По желба може да се додаде и едно чешне многу ситно сецкано лукче, млад кромид...
Зеленчукот го сецкаме на коцки, го зачинуваме со бибер и сервираме во длабок тајнир.
Врз него го нанесуваме веќе подготвениот прелив.
Сервираме.