Тортина со чоколаден крем
Состојки
- 1 паковање Винчини тортина
- Крем
- 2 јајца
- 100 гр шеќер
- 200 гр чоколадо
- 150 гр маргарин
- 1 шлаг крем
- чоколадни трошки
- 1 шлаг крем
- 150 мл млеко
Подготовка
Крем-
1. Се матат јајцата со шеќерот на пареа. Се додава чоколадото за готвење кое претходно е стопено и оладено.Се додава омекнатиот маргарин и сето ова се миксира.
2. Се редат во четвртаста силиконска тава тортините и врз него се истура кремот. Се остава да се стврдне.
3. Се мати шлаг кремот со млекот и се декорира. Наздравје!!!