Бомбици со суво овошје, алва и кокос
Состојки
- 150 гр урми
- 100 гр суви сливи
- 50 гр кајсии
- 1 лажица мед
- 200 гр алва Дониа
- 30 гр кокос
Подготовка
Сомелете го сувото овошје, па потоа сомелете ја и алвата и медот заедно со него.
Она суво овошје кое е поцврсто и посуво претходно ставете го во топла вода да искисни и потоа исцедете го.
Додадете го кокосот и измесете/имешајте. Доколку сакате можи да додадете уште малку кокос. Сепак тоа зависи од сувоста на овошјата.
Од смесата правете бомбици и валкајте ги во кокос.