Испечати

Колачи со сува смоква и желе од Дониа (без печење)

Колачи со сува смоква и желе од Дониа (без печење)

Состојки

  • 1 кг бисквити
  • 600 мл шербет
  • 100 гр маргарин посен
  • 1 пакување суви смокви
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 гр желе бомбони
  • 200 гр ореви мелени

Подготовка

Непечените колачи ми се искрено омилени и морам да признаам дека многу често правам, дури и постојано експериментирам со состојките.
Овие се едни од најчесто правените во нашиот дом.
Најпрво ги мелеме бисквитите и во еден сад заедно со маргаринот ги размесуваме, а потоа додаваме од претходно сварениот и оладен шербет, месиме додека не стане смесата хомогена.
На сувите смокви им ги сечеме врвовите и ги полнеме со сецканото желе од Дониа. Вака наполнетите смокви ги обвиткуваме со тестото од смесата од бисквитите и правиме убаво топче кое го прпелкаме во мелените ореви. Постапката ја повторуваме со сите смокви, на овој начин.
Вака направени ги ставаме во фридижер, јас ги ставам во комора за да се стегнат добро. После еден час некаде ги вадам од фридижер и ги сечам на половина.
Лесни убави, што би се рекло народски -лапни голтни ...