Меки ќофтиња

Состојки
- 600 гр мелено месо
- 2 јајца
- 2 лажици презла
- 2 лажици брашно
- 1/2 пакување пециво
- 1 рамна лажица мешан сув зачин
- 1/2 мало лажиче црн бибер
- 1 рака сецкан магдонос
- 1 мала главица сецкан кромид
- 4-5 чешниња лук
Најмеки и највкусни ќофтенца кои до сега сум ги направила, ровки, во уста се топат. За пржење ја користев тавата од Делимано со рачки.
Подготовката е едноставна. Се мешаат сите состојки со лажица, потоа се замесува месото со рака и се остава во фрижидер да отстои барем половина час.
Потоа со намрсени раце се зема од смесата и се оформуваат ќофтиња со големина по желба, јас ги правев помали за децата.
Се пржат на загреано масло од двете страни и се вадат на хартија за да се впие вишокот маснотија.
Не мора да ставате многу масло за пржење ако пржите во Делимано тавите кои се нелепливи.