Чоколаден пијалок со сладолед
Состојки
- 50 мл млеко
- 100 мл слатка павлака
- 1 лажица инстант какао
- 2 топки сладолед од чоколадо
- чоколаден прелив, шеќер и шлаг за украсување и вкус
Подготовка
Млекото, слатката павлака, инстант какаото и сладоледот ги ставаме во чашка и ги блендираме.
Чашата во која ќе го сервираме пијалокот ја навлажнуваме по кружниот раб кој потоа го ставаме во кристал шеќер. Околу во внатрешноста на чашата ставаме чоколаден прелив, па го истураме блендираниот пијалокот. Декорираме со шлаг и чоколаден прелив.