Испечати

Шарена пита со сланина, спанаќ и тиквички

Шарена пита со сланина, спанаќ и тиквички

Состојки

  • 1,5 шолја брашно (шолја од 250 мл)
  • 1 прашок за пециво
  • 1 главица рендан кромид
  • 2 рендани помали тиквиња
  • 70 гр ситно сецкан спанаќ
  • 150 гр ситно сецкана сланина
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 70 гр рендано сирење
  • 5 јајца
  • 70 мл масло

Подготовка

Питата е превкусна и преубаво мириса. Најдобрата до сега која сум ја направила од овој вид на солени кексови, многу е ровка. Подготовката е преедноставна, време ќе изгубите само во сецкањето. Аромата на сланината, измешана со кромидот и спанаќот е заносна, не ќе можете да застаните да јадите.

Подготовка

Прво изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да пуштат вода. Убаво е ова да го направите барем 1 час претходно за да се ослободи повеќе вода. Исцедете ги тиквичките и додадете ги сите состојки и убаво измешајте.
Истурете ја смесата во подмачкано тавче или куглов и ставете да се печи на 180 степени околу 1 час.
После печење, оставете ја 20тина минути, па потоа послужете. Питата е прекрасна и кога е ладна.