Испечати

Ванила десерт во чаша со парчиња овошје

Ванила десерт во чаша со парчиња овошје

Состојки

  • За крцкав слој
  • 12 Винчини бисквити
  • 80 гр путер
  • 1 лажиче шеќер во прав
  • За крем
  • 750 мл млеко
  • 4-5 лажици шеќер
  • 30 гр нишесте
  • 2 јајца
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 30 гр путер
  • 2 праски или банани

Подготовка

Во тенџере на среден оган се става млекото, шеќерот и нишестето и со мешање се вари додека згусни.
Се разматуваат јајцата со вилушка и им се додава од сварената смеса малку да се измеша, па сето потоа се истура во тенџерето и се доварува со мешање додека се соедини и згусни.
Се трга од оган и се додава путерот, па се меша енергично до мазен крем.

Бисквитите мелени или дробени се мешаат со шеќерот и растопениот путер и се ставаат кратко во микробранова или рерна да се потпечат.

Овошјето исечете го на тенки парчиња.

Во стаклена чаша или сад за пудинг најпрво се става 2 лажици од бисквитната смеса, па од кремот до половина, па парчињата овошје, па малку од бисквитите врз нив, повторно крем и одозгора се украсува со малку од бисквитната маса , овошје и шлаг.

Од оваа доза излегуваат околу 6 чаши.